Болдер бар спортско качување

Локација: ул. Лазар Личеноски бр.32 / 1, Скопје
Контакт: 078 333 519


ДЕТСКА ШКОЛА 

Тренинзи за најмладите 

Сигурно се прашувате кој спорт би одговарал за вашето дете. Ги гледате често својот син или ќерка како се качуваат по дрва , како се префрлаат од столица на маса без да го допира подот , се качуваат и скокаат од мебелот или се качуваат по рамката на вратата ? Имаме предлог за вас.
Одењето и трчањето се дел од нашите природни секојдневни движења. Така е и со спортското качување. Т е е е е…………………………… 
Од таму, ние сме подготвени да го внесеме вашето дете во тајните на спортското качување , со тренинзи 3 пати неделно, на кои ќе го научиме сѐ за овој спорт , колективното однесување и спортскиот дух. Истовремено како богата форма на активност детето ќе ги развие моторните вештини , емоционалната стабилност, способност за работа во групи, дружење со врсници итн. 
На тренинзите се учи од основна до напредна техника во спортско качување , силова издржливост, опрема и нејзина правилно користење, како и подготовка за учество во натпреварите во спортско качување во Македонија и надвор од неа . 
Доколку има интерес, ќе се организираат и посети на качувачки локалитети во Македонија и искачување на природна карпа. 


Контакт: 078 333 519

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.