Едукативен центар Шаботиќ
Локација: Ул. Среќко Пужаљка бр.3, Куманово
Услуги што ги нудиме:
– Продолжен дневен престој на дечиња од предучилишна и училишна возраст.
– Логопед
– Дефектолог
– Психолог
– Англиски јазик
– Едукативни настани и курсеви
– Специјализиран дневен престој за дечиња со посебни потреби (3–7 години)
Што претставува специјализираниот дневен престој за дечиња со посебни потреби?
Безбедна, прифатлива и стручна средина каде секое дете е разбрано, поддржано и вреднувано.
Во нашиот едукативен центар, со љубов, стручност и целосна посветеност, организираме вечерен дневен престој наменет за деца со различни развојни потешкотии и посебни образовни потреби, во најчувствителниот развоен период – од 3 до 7 години.
Целта на програмата:
Да се обезбеди структуирана, топла и поттикнувачка средина за индивидуален и социјален развој преку прилагодени активности, терапевтска поддршка и учење низ игра.
Кој ја спроведува програмата?
• Стручен тим од дефектолози, логопеди, психолози и воспитувачи
• Индивидуален пристап и континуирана проценка на напредок
• Тимска работа со родители за поддршка и следење на развојот
Што вклучува престојот?
• Индивидуализирани едукативни активности според можностите на секое дете
• Стимулативни сензорни и моторни вежби
• Говорни и комуникациски игри
• Вежби за концентрација, социјализација и емпатија
• Музичка терапија, креативни работилници и слободна игра
• Специјално адаптиран простор со визуелни и сензорни помагала
Кога се одржува?
• Секој работен ден (понеделник – петок)
• Од 18:00 до 20:00 ч. – совршено време за дечиња кои посетуваат градинка или терапевтски услуги претпладне.
Наменето за:
Дечиња со:
• Развојна дисфазија
• Аутистичен спектар
• Генерализирани развојни потешкотии
• Интелектуални попречености
• Моторни, говорни или сензорни потешкотии
Локација: ул.Перо Чичо бр.30 (спротив Школска амбуланта)
Контакт за информации и упис: ( 077 842 786, маил: educentarsabotic@yahoo.com) Местата се ограничени – уписите се во тек!
Вашето дете заслужува поддршка, љубов и можност да напредува во соодветна средина.
Заедно градиме основа за развој и напредок – чекор по чекор, со срце!

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
