Енсо Џиу Џицу

Локација: Водно, Скопје

Бразилското Џиу Џицу е боречка вештина и спорт кој е идеален за деца – покрај развивање на моторички способности и тимски дух, овозможува контактно тренирање со партнер, што влијае на социјалните вештини и самодовербата.

Спортот е натпреварувачки, но децата не се задолжени да се натпреваруваат за да напредуваат – тие решаваат кога се подготвени. 

Групите ги водат тренери со црни појаси и повеќе од 20 годишно искуство на водење специјализирани тренинзи за деца, користејќи ја методологијата на Ecological Dynamics / Constraints Led Approach. 

Енсо Џиу Џицу постои од 2011 година, со детски групи кои низ годините имаат резултирано со бројни медали и многу државни и меѓународни шампиони во детски категории. 

Покрај тренинзите, клубот организира и посета на турнири, летни кампови и клупски дружења надвор од редовните тренинг термини. 

Најраната возраст за почнување со БЏЏ е 4-5 години, а во групите тренираат деца од 4 до 12 годишна возраст. Термините се секој понеделник, среда и петок 18:00 – 19:00 часот. 

Адреса: бул. Мајка Тереза 60 (Водњанска пред ОУ Кочо Рацин)
Контакт: 070 756 248 | ensojjmk@gmail.com | @ensojjmk

.

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.