За нас

Играме.мк е првата платформа посветена на детски настани и активности – создадена со цел да им помогне на родителите полесно да пронајдат квалитетни, забавни и едукативни содржини за нивните деца.

Сè на едно место:

  • Активности за деца од сите возрасти
  • Настани во живо и дигитални содржини
  • Работилници, спорт, театар, едукативни игри
  • Домашни активности за креативна игра
  • Бесплатни и комерцијални содржини
  • Инклузивни настани и активности за сите деца
  • Хуманитарни иницијативи и активности со општествена цел

Нашата мисија е да создадеме инспиративно место каде родителите, организаторите и заедницата ќе се поврзат преку игра, учење и забава.

Веруваме дека секое дете заслужува пристап до позитивно искуство, без разлика на можностите или местото каде што живее.

Бидете дел од нашата приказна. Заедно можеме повеќе!