Слатки Лубеници – Виница

Локација: Едукативен центар НАША ПРИКАЗНА во Виница
Датум: 19.07.2025 од 12:00ч. до 13:30ч.
Цена: 300 денари

На оваа кулинарска работилница децата ќе имаат можност да направат вкусни слатки во форма на лубеници. Преку оваа забавна практична активност децата ќе се здобијат со вредни едукативни придобивки.
1. Вежбање математика (преку мерење на состојки за добивање на вистински сооднос на состојките),
2. Читање и разбирање (преку следење на упатствата дадени во рецептот),
3. Вистинска наука (во контекст на успех или неуспех на спроведување на рецептот, што довело до тоа, и сл.),
4. Комуникациски вештини (преку споделување на ставови, мислења, поврзување со другите деца),
5. Развој на животни вештини (познавањето на начинот на подготовка на било кој вид на храна може да биде од огромна помош за развој на самопочит, самодоверба и отпорност).

📞  076 691 745


Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.