Направи играчка за твое пријателче
Локација: ул. Римска бр.25, Скопје
Датум: 28.07.2025 (понеделник) | 11:00
Цена: 900 денари
Земи го твоето најдобро пријателче и ајде заедно да се впуштиме во светот на играчките!
✨ По повод меѓународниот ден на пријателството – 30 јули 💛 ќе изработуваме играчки со дечиња од различни возрасти.
🎨Да ја разбудиме креативноста на децата и да се впуштиме во светот на творењето.
🎁 ,,Направи играчка за твое пријателче“ – децата ќе создаваат сопствени, рачно изработени играчки, кои ќе ги подаруваат на своето пријателче – како симбол на љубезност и другарство.
🧠 Зошто е важна оваа активност?
Активноста е едукативна, креативна и поттикнувачка – децата учат да размислуваат за другите, учат за емпатија, но и да експериментираат со разновидни материјали. Тука е и развојот на ситната моторика. А новите пријателства, забавата и убаво поминато време е неизбежно за дечињата.
🌟Придружете ни се на 28 јули, од 11 часот, за еден убав, креативен и забавен ден, исполнет со учење и стекнување на вештини!
Носете насмевка 😊 и желба за дружење – заедно ќе создадеме заеднички спомени и убав ден од распустот! 🌸

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
