Охрид трчаТ Акватлон

Локација: Плажа КЈ Дивоно, патека Студенчишта, Охрид
Датум: 24.08.2025 (Недела)


Што е Акватлон?

Акватлон е мултиспортска трка која се состои од елементи на континуирано трчање и пливање. Откако натпреварувачите ќе завршат со пливање веднаш потоа следи трчање. Спортистите се натпреваруваат за најбрзо целокупно завршување на рутата, вклучувајќи го и времето на транзиција помеѓу дисциплините.

Кој може да учествува?

  1. Сите регистрирани спортисти во ТФМ, членови на клубовите и сите рекреативци кои сакаат да се натпреваруваат. Учеството е на сопствена одговорност и сите учесници потпишуваат изјава за тоа, во име на децата тоа го прават нивните родители/старатели.
  2. МОРА ДА МОЖЕТЕ ДА ПЛИВАТЕ БЕЗ ПОМАГАЛА ЗА ПЛИВАЊЕ и треба да бидете способни самоуверено да го препливате растојанието за вашата возрасна група (види табела Категории по генерации подолу).
  3. Сакаме да поттикнеме што е можно повеќе луѓе да учествуваат на натпреварот но ние како организатори го задржуваме правото да одбиеме влез на учесници за кои сметаме дека не ги исполнуваат овие неопходни услови

Што ќе ми треба на денот на натпреварот?

  1. Ќе ви треба костим за капење, очила по желба и пешкир. За трчање ќе ви требаат и маица, обувки за тренирање/трчање.
  2. Никој што се натпреварува во Акватлон не смее да носи накит.

На денот…

  1.  Ќе треба да пристигнете навреме за да се регистрирате, каде што ќе ви биде даден вашиот чип. Дополнително ќе Ве маркираме и со фломастер.
  2. Сите натпреварувачи ќе добијат медал на крајот на трката.
  3. Сите резултати/пласмани на натпреварувачите за секоја возрасна група ќе бидат достапни на веб страната на нашиот официјален мерач на натпреварот Tag timing Macedonia.

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.