Фитнес Фабрика Јуниор
Локација: Центар, Скопје
Адреса: 50та Дивизија, Скопје
Контакт: 075 631 667
Како дојдовме до оваа идеја?
Во нашите сали, родителите постојано ги носат своите деца, а дел од нив се веќе и наши членови, па од таму постојано се наметнуваше прашањето дали ќе имаме детски групи.
Тоа бара посебна опрема и простор, посебен вид на тренинг, наменети специјално само за нив – средина во која што ќе вежбаат и ќе се мотивираат тие меѓусебно.
Зошто баш ваква сала?
Ние сме поборници децата да бидат физички активни без разлика дали и кој спорт го практикуваат. Но сепак постојат и деца кои не се пронаоѓаат во стандардните спортови каде што одат нивните врсници. Или пак посетувале некој спорт и повеќе не сакаат. Оваа сала би го пополнила токму овој празен простор каде што нема да настојуваме на професионализам, туку ќе им помогнеме на нивниот психофизички развој, вежбајќи соодветни моторички и функциони тренинзи во зависност од својата возраст. Вака би создале навика дека активниот ден треба да е стил на живот и кога ќе пораснат нема да им е проблем да продолжат да вежбаат каде и што сакаат самите тие.
Какви возрасни групи?
- Најмала група од 4 до 6 години
- Средна група 7-10 години
- Голема група 11+
Дали и како ќе се разликуваат тренинзите по возраст?
Сите деца во различна возраст имаат различни потреби. Секој период на развој на детето има посебни потреби како би добиле соодветен одговор тренирањето на овој тип на активност
Тренингот за најмалите ќе се состои од активна игра, забавни тренинзи со цел да го задржиме вниманието и преку тоа ги активираме а притоа работиме на нивниот развој на моторика и на физички способности.
За поголемите по трите се менуваат и програмата е со друг акцентот . Тука ќе бидат вклучени вежби за цело цело сопствена тежина, евентуално додавање реквизити како надворешен стимул мали тежини и слично се со цел подобрување на функционалноста на нивното тело така работат оспособени тренери со претходно искуство со работа со деца.
Да напоменеме дека на овој начин сакаме да придонесеме за подобро општество и преку тоа со нашите и вашите деца да направиме една убава мини заедницата – физички и психички поздрави деца без одбивност кон вежбањето.


Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
