Авантура Парк Кочани

Локација: Хотел Градче, Кочани



Сакаш твоето дете да доживее нешто што нема да го заборави?

Adventure Park до хотелот „Градче“ во Кочани е создаден токму за тоа!

Замисли го како се искачува, балансира, се смее и ужива додека минува низ висечки платформи, јаже-премини и на крајот – зип-лајн!

Ова доживување е идеално како подарок за роденден, за семејни излети или само како заслужена награда за храброст.

Сместен во природна оаза, веднаш до хотелот „Градче“, паркот е безбеден, интерактивен и пред сè – супер забавен!

Децата се опремени со кацига и сигурносен појас, а низ целата траса ги следи професионален инструктор.

Висинското доживување е достапно за сите со висина од најмалку 1,3 м, без ограничување по возраст.

Може да учествува и едно дете самостојно – нема потреба од група.

Доживувањето трае 10–20 минути (еден круг), зависно од темпото на секое дете.

Трасата се состои од 6 платформи со различни предизвици: јаже мостови, баланс сегменти и зип-лајн спуст помеѓу последните две платформи – совршен крај за храбрите мали авантуристи.

Покрај паркот, во рамките на хотелот има ресторан, простор за седење, тоалети и можност за организација на родендени, школски екскурзии и забави на отворено.

Родителите можат да се релаксираат додека ги фотографираат децата одоздола и уживаат во атмосферата.

Адреса: Хотел Градче, Кочани
Контакт: 071 222 655

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.