Едукидо Скопје
Локација: Карпош, Скопје
Откријте го светот на EDUKIDO!
Уникатни едукативни активности со LEGO® коцки. Знаењето е важно во EDUKIDO. Важни се интересните содржини, учењето на нови вештини и стимулирањето на независно размислување. Но, најважни од сé, се забавата и радоста што доаѓа од неа.
Играта е најдобриот поттик за учење
Додека си играат, децата го напуштаат стереотипниот пристап кон учењето. Сакаме да ја развиеме нивната љубопитност и да покажеме дека стекнувањето нови знаења може да биде возбудливо, дека можете да научите и да се развивате на различни начини – не само со читање.
Природните и техничките науки немаат бариери
На децата им покажуваме дека природните и техничките науки можат да се испреплетат. Сè што ви треба е малку експериментирање и способност да размислувате надвор од вообичаените рамки. Откривањето на нови мисловни територии е одлична забава и незаборавна авантура за децата!
Прашања и експерименти кои ни помагаат да го разбереме светот
Прашањата и експериментите овозможија да се направат големи откритија и го подигнаа човекот во вселената. Затоа учесниците на EDUKIDO часовите, сите заедно, а под надзор на инструкторот, сами ги бараат одговорите на прашањата: „Како функционира?“, „Зошто овој булдожер турка?“, „Колку ќе издржи кранот?“ , “Зошто птицата не паѓа кога не мавта со крилјата?” … А одговорите ги бараме со вежбање и експериментирање.
Адреса: Ул. Ленинова бр.87, Карпош, Скопје
Контакт: skopje@edukido.com
Email: +389 71 320 006
Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
