Игри со креда со Ангела

Локација: Надвор
Инстаграм профил: angelaa.kostovska

Ангела е посветена мајка и креаторка на креативни активности за деца, која со многу љубов и несебично ги споделува своите идеи на својот профил. Нејзината цел е да им помогне на родителите да поминат квалитетно време со своите деца преку едноставни, брзи и економични игри, кои поттикнуваат учење низ игра – без екрани и без скапи материјали.

Ангела креира календар со активности кој ќе ви помогне да организирате забавни и едукативни моменти за вашите деца. Сè што треба да направите е да ѝ испратите порака на Инстаграм профилот и ќе добиете повеќе информации.


За оваа едиција, Ангела подготви сет забавни игри со креда едноставни идеи за летните попладниња пред зграда или во двор. Кредата е една од оние мали, обични работи што носат безброј детски радости. Со многу малку пари и неколку идеи може да се создадат игри што ги полнат срцата и ги движат телцата. Толку е едноставно, а децата си поминуваат незаборавно и времето после работа надвор пред зграда брзо ни лета. Еве неколку игри што на моите дечиња многу им се допаѓаат:

1. Класика Школка

Нацртај ја познатата „школка“ и остави ги децата да скокаат. Одлична е за координација, рамнотежа и многу смеа.

2. Боен мозаик со креди и маскирна трака

Децата обожаваат да пополнуваат големи форми. Нацртај срце, ѕвезда, цвет или како нас куќички и дозволи им да ги бојат со разни бои. На крај ќе добиете уметничко дело за гордост.

3. Скокање и форми

Нацртав кругови и квадрати, па им кажував: „Скокни во кругот!“ или „Ногата во квадрат!“ – тие се смеат, трчаат и со секое скокче вежбаат груба моторика, координција и баланс .

4. Тајни патеки

Нацртај патека со линии, стрелки, свиоци и „стоп“ знаци. Нека децата ја следат како авантура – трчајќи, возејќи тротинет или дури и со играчки автомобили.

5. Форми за фина моторика

Им давам малку камчиња и или ливчиња и им велам: „Ајде, погоди ја формата“. Нацртав срце, цвет и ѕвезда, полжав. Тие ги редеа камчињата по линија. Вака учиме фина моторика преку едноставни форми.

6. Семејна галерија

Секое дете (и возрасен) добива простор да нацрта нешто свое. На крај организирајте „изложба“ и прошетајте низ вашата улична галерија.

7. Прскалка за крај

А најубавото им е кога на крај ќе ја земеме прскалката со вода. За нив тоа е дел од играта – да ги „избришат“ цртежите. Се чувствуваат како да направиле цела нова авантура. Од мое искуство, ваквите игри со креда не се само забава – тие носат движење, креативност и радост. А мене ми се најдраги затоа што се едноставни, а ме потсетуваат на моеѕо детство па се надевам дека вака ќе создадеме моменти за паметење.


Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.