Креативна работилница во Виница
Локација: Наша приказна, Виница
Датум: 29.08.2025 од 15:00 до 17:00
Цена: Донација на школски прибор
Секое дете заслужува среќно да тргне на училиште! Помогни ни да го оствариме тоа!
✏️Младите при Клубот на млади ООЦК Виница во соработка со едукативно-забавниот центар Наша приказна, организираат работилница за малите и хумани креативци.
✏️Работилницата ќе се одржи на 29.8.2025 (петок) од 15 до 17 часот.
✏️Секое дете ќе има можност да ја посети работилницата, на истата да се забавува, да изработи нешто креативно, да добие мало подароче, а најбитно да научи дека хуманоста и креативноста се најдобра комбинација.
✏️За учество секое дете треба да донесе школски прибор (тетратки, моливи, гумички), ранец, или нешто друго кое ќе израдува и друго дете.
🩷 Малку е доволно!

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
