Ведра едукација

Локација: Тафталиџе 2, Скопје

Ведра Едукација организира креативни работилници за фрактално цртање со деца на возраст од 5 години и нагоре – за секое дете што може да држи молив во рака.

Фракталното цртање е психолошка техника што помага на децата да ги изразат своите емоции.
Работилницата започнува со едноставна вежба:

  • Детето црта со затворени очи 1 минута на бел лист хартија.
  • Тој спонтан цртеж ја одразува неговата емоционална состојба.
  • Потоа, со дрвени боички избрани со затворени очи, цртежот се дообојува.

✨ Работилниците се тематски и секогаш различни. Некои од темите вклучуваат:

  • Цртање и боење со затворени очи
  • Цртање на камења со акрилен фломастер
  • Цртање инспирирано од детски песни
  • Цртање на природа
  • Користење на сув пастел
  • Точкање со фломастери (фрактална мрежа)
  • Пишување и илустрирање на сопственото име
    …и многу други креативни идеи!

Овие активности не се само уметност – тие се и алатка за емоционално ослободување, развој на фокус и креативност, и секако – многу забава!


Адреса: ул. Његошева бр.23-1/2 во Тафталиџе, Скопје
Контакт: 070 20 99 80
Email: k.trajanova@gmail.com

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.