Инклузивна група во Еурека

Локација: Капиштец, Скопје
Возраст: 4 + години.


Еурека е едно од најпопуларните и најпрепознатливи танцови студија во Македонија, основано во 2001 година. Студиото е лоцирано на ул. Загребска 28б, една од петте активни локации на кои работи: Капиштец, Автокоманда, Бутел, Ново Лисиче и Кисела Вода.

Во моментов, Еурека работи со над 400 деца и млади, поделени според возраст и ниво на подготвеност. Студиото опфаќа деца од 4-годишна возраст, па сè до возрасни личности кои и понатаму сакаат уметнички да се изразуваат. Преку хип-хоп танц – енергичен, остар и исполнет со став – учениците го запознаваат сопственото тело и градат основа за изучување и на други танцови стилови.

Она што ги прави особено посебни е нивната инклузивна група во Капиштец, каде што со љубов, внимание и почит се отвора простор за сите деца да танцуваат, без разлика на нивните индивидуални потреби. Овој пристап ја прави Еурека не само танцово студио, туку и вистинска заедница.



Контакт: +389 70 305 966 – Катерина Јолакоска

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.