Охрид трчаТ Детска Атлетика

Локација: Булевар Туристичка 28, Охрид
Контакт: +389 78 440 139
Возраст: 5+ години


Што претставува детска атлетика ?

Интересни, креативни и атрактивни тренинзи организирани преку игра,  каде децата учат правилна техника на трчање, скокање и фрлање, како и ги развиваат основните моторни способности – брзина, издржливост, флексибилност, координација, сила и рамнотежа, ја подобруваат спортската култура и стекнуваат самодоверба и здрава работна навика, а се тоа преку забава и игра со врсниците.


Зошто треба Вашите деца да ја изберат
детската атлетика ?

  1. Атлетиката е спорт составен од движења кои се природни за човечкото тело.

Трчањето, скокање и фрлање се вродени и природни движења на човекот.

2. Природна околина за тренирање

Поголемиот дел од годината тренинзите се одржуваат на отворено, на свеж воздух, во природа и на природна светлина.

3. Детската атлетиката рамномерно ги подобрува физичките способности на целото тело

На тренинзите се подобруваат физичките способности како сила, брзина, координација, издржливост и флексибилност. Нема предвремена специјализација за одредени дисциплини така што детската атлетиката е одличен избор за правилен и сестран псохофизички развој на детето.

4. Се развива дисциплина, работна навика како и лична одговорност

Најголемиот дел од натпреварите во атлетиката се поединечни, секој за својата атлетска дициплина ,тоа кај децата развива лична одговорност за сопствениот резултат и на таков начин се стекнува со поголема секојдневна човечка одговорност.

5. Еднаквост

Атлетиката е особено инклузивен спорт. Момчињата и девојчињата тренираат заедно, имаат ист тренер и се натпреваруваат во иста пригода. Им се дадени еднакви можности и платформи за учество, без разлика дали е за забава или за елитно ниво.

6. Го зголемува долгорочното здравје

Трчањето, преку својата едноставност, практичност и пристапност, значи дека вашето дете може да добие навика да биде активно во текот на целиот живот, зголемувајќи го своето здравје на долг рок.

7. Ја зголемува самодовербата

Со учење на добри фундаментални вештини за движење, децата развиваат самодоверба. Да се ​​има добар „јазик на движење“ значи дека тие ќе бидат подготвени за секакви спортски предизвици без разлика кој спортски избор би го имале во својата иднина.

8. Забавно е

Мит е дека атлетиката е индивидуален спорт. Од малолетници до сениори, тренинзите обично се во групи каде се дружат, мотивираат и поддржуваат постојано. Секој клуб е семејство и секое натпреварување е нова шанса да се стекнат нови пријатели.

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.