На одмор сум, во Центар сум

Локација: Парк во Капиштец, Скопје
Датум: 29.07.2025 (сабота) | 19:00
Цена: Бесплатно

ЗА СИТЕ ДЕЦА – ДЕН ЗА (ИНТЕР)АКЦИЈА

На 29 јули, во срцето на паркот во Капиштец, ќе се случи нешто магично! (На оваа покана гледај како на билет во Земјата на чудата. Или можеби во Недојдија!)

Она што е забавно долго трае – од 19 до 20:30 часот, ги каниме сите деца (особено ако имаш од 2 до 8 години) и ги чекаме со многу различни активности. Што сакаат најмногу децата ако не акција? А како најдобро се учи низ неа? – Секако, преку интеракција!

„На одмор сум, во Центар сум“ и оваа година како и претходните!

Настанот се состои со 4 забавни зони за секој мал истражувач да се пронајде во она што најмногу го сака:

• Креативна зона:
Тука цртаме, боиме и добиваме награди за нашите неверојатни дела.
• Интерактивна зона:
Го бараме изгубеното богатство и повторно добиваме награди, читаме сликовници и одговараме на прашања.
• Освежителна зона:
Си го обновуваме умот со пијалаци на „Горска“.
• Сцена:
Мала бина за голема радост со омилените ликови Стела и Сани и едно бело зачудено лице што нè смее до солзи – пантомима!

Каде и да си, на 29. во Капиштец да си! Настанот го организираат Паблишер и Општина Центар (@opstina_centar).

П. С. Останатите џуџиња или волшебници кои ќе се појават на настанот, не се дел од организацијата, само од забавата!

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.