Летни водени игри

Локација: The Nest – Бул. Партизански одреди 113А, Тафталиџе, Скопје
Датум: 16.08.2025 во 10:00 – 12:00 часот
Цена: 100 ден. по дете

По големиот интерес за овој настан во Охрид организиран од Мама Круг, на ваше барање, ќе правиме уште една тура Летни Водени Игри + дружба на мајки и во Скопје.

Ве покануваме да бидете дел од двочасовна дружба за деца и родители на 16 август (сабота) со почеток од 10 до 12 часот во дворчето на нашите пријатели @thenestskopje

Децата ќе играат игри што ќе им помогнат да ги развијат социјални вештини, да си ја подобрат моториката, координацијата, силата, издржливоста и да се разладат со водени игри во овие топли денови. А ние родителите ќе си пиеме кафе и ќе уживаме во дружбата. ☕ 

Најмалите се добредојдени да бидат дел од навивачкиот тим и да се радуваат заедно со поголемите шампиончиња.

Влез: 100 денари по дете (се наплаќа заедно со првата консумација)

Неколку причини плус зошто треба да дојдеш:
✅ Саботно утро исполнето со игра и смеа
✅ Професионални фотографии од вашето дете
✅ Опуштена дружба со други мајки и можност да бидете дел од Мама Круг заедницата! 

Местата се ограничени, затоа доколку сакате вашето дете да биде дел од ЛЕТНИТЕ ВОДЕНИ ИГРИ, пријавете го подолу и обезбедете го неговото место! 

Затоа, резервирајте го своето место со пополнување на формата во био🔗

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.