IThink Академија
Локација: Avenga Academy 11 Октомври 33а, Скопје
Контакт: 078 499 133
IThink детската академија е основана во 2015 година и од тогаш над 1500 деца на возраст од 8 до 14 години успешно завршиле обуки во рамките на нашите програми.
Нашата мисија е да им понудиме на децата едукација што одговара на времето во кое растат, време на паметни уреди, интерактивност и моментален фидбек. Денешните деца размислуваат дигитално уште од најмала возраст, кликаат, скролаат и програмираат со неверојатна леснотија. За нив технологијата не е новитет, туку секојдневие.
Токму затоа, целта на IThink е да ги научи како да ја разберат и користат технологијата на паметен, безбеден и креативен начин.
Специфични цели на Ithink академијата
- Развој на технички и дигитални вештини
- Поттикнување на логичко размислување
- Јакнење на креативноста
- Охрабрување на самостојност
- Унапредување на тимската работа
- Развивање на ефективна комуникација
- Негување на истрајност при исполнување задачи
- Градење и зацврстување на самодовербата
- Развој преку практични активности и реални проекти
IThink академијата е место каде децата не само што учат, туку и растат како личности.
Основно ниво (Basic IT Skills)
Во основното ниво се поставуваат темелите за понатамошната работа и учење имплементирано низ многу вежби и задачи. Програмата во ова ниво е поделена во пет модули, и тоа:
- Започни со IT
- Ајде да дизајнираме (графички дизајн)
- Забавно кодирање (програмирање)
- Сакам роботи (роботика)
Напредно ниво (Advanced Level)
Напредното ниво опфаќа креирање реални веб-страници, каде децата се запознаваат чекор по чекор со процесот на нивно создавање и одржување. Во текот на модулот, децата работат на реални проекти кои ние им ги обезбедуваме, со што добиваат искуство блиско до реални работни задачи и соработка со „клиент“.
Програмата во ова ниво е поделена во два модули, и тоа:
- Ајде да примениме дизајн
- Мистериите на Интернетот се решени
Дел од веќе изработените страници:
- Основно училиште Ѓорѓија Пулески
- Спортска сала Партизан
- Основно музичко училиште Методи Патче од Охрид
- Златно славејче
- Не биди ѓубре
- Аутизам
- Здружение на лица со дијабетес Алегрија
Високо ниво (Upper Level)
Високото ниво е насочено кон креирање игри со најсoвремените софтвери (Unity и Maya) преку кои се изучуваат основите на гејм дизајнот. Во првото полугодие се изучуваат најважните концепти за изработка на Game Design Document, потоа продолжуваат со запознавање на Autodesk Maya, еден од најмоќните 3D софтвери кој се користи во индустријата. Се изучува 3D моделирање и работа во простор, од што е составен секој 3D модел, како и најразлични алатки и техники за изработка на 3D модели.
Потоа, во второто полугодие се работи со сцени на Unity, употреба на техники и елементи, основи на анимација во Unity, создавање и имплементирање на механики на играта и се што го сочинува гејм дизајнот. При тоа, секој ученик има задача да креира и развива своја игра и на крајот да ја презентира како завршен проект.


Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
