Отворен ден IThink Академија
Локација: Avenga Academy 11 Октомври 33а, Скопје
Датум: 18.09.2025 (четврток) 18:00
Цена: Бесплатен
Возраст: Деца од 8 до 14 години
Ве покануваме на еден динамичен и разигран отворен ден, каде децата ќе се дружат со роботи, ќе се забавуваат со квизови, а вие ќе имате можност да:
- Дознаете што точно се изучува на трите нивоа на IThink Академијата.
- Видите како IThink ги учи децата да размислуваат логички и креативно!
- Добиете одговори на сите ваши прашања – директно од тимот!
Станете дел од нашата приказна, каде секое дете се чувствува охрабрено да истражува, да прашува, да развива вештини за подобро изразување и комуникација, да работи самостојно и во тим, да стекнува пријателства и што е најважно, да верува во себе!
IThink Академија – Место каде љубопитноста расте заедно со децата!
Ве очекуваме со нетрпение!

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
