Фудбалски клуб Слободен
Локација: Карпош, Скопје
Адреса: МТП Спорт Клуб (СУГС Георги Димитров) во Карпош, Скопје
Контакт: 077-559-932, 078-801-820
ФК Слободен работи и со млади категории. Нашата цел е да овозможиме најдобри услови за правилна работа и бескрајна забава за младите фудбалери кои што ќе ни се придружат.
Со децата ќе работат нашите тренери Филип Јаќимоски и Борис Чурлинов, а ќе се работи по специјализирана програма адекватна на возраста и способностите на секое дете.
Филип Јаќимоски е воедно и нашиот тренер на првиот тим и има повеќегодишно искуство со млади категории во неколку клубови во Скопје. Поседува УЕФА А тренерска лиценца.
Борис Чурлинов e фудбалски тренер со искуство во Академија Пандев Карпош кој има работено со најдобрите фудбалски тренери во Македонија и одлично ја владее фудбалската игра.
Она што може да ви гарантираме дека ќе следува супер дружба и учење на многу фудбалски вештини!
Учество во Детска Лига на ФФМ
Учество на турнири за време на распуст
Редовно организирање пријателски натпревари
Индивидуални тренинзи

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
