Aqua Pro – International Swimming Academy Skopje
Локација: Карпош, Скопје
Адреса: СЦ Борис Трајковски, Бул. 8ми Септември бр.13, Скопје
Контакт: 071 248 750
Пливачки клуб АКВА ПРО – АКАДЕМИЈА Мартин Стефановски, низ професионална тренерска програма да овозможи на секој пливач постепено и на здрав начин да ги развие своите пливачки вештини до граница на своите можности. Да биде клуб од каде ќе произлезат врвни и квалитетни пливачи, репрезентативци кои ќе ја претставуваат државата на големи натпреварувања од европски и светски карактер. Да се залагаме за воведување на пливањето во основните школи како задолжителен спорт, и промоција на доживотно пливање како составен дел од модерно и културно живеење.
Цели и задачи
– oбука на непливачи и пливачи;
– поттикнување на физичко здравје;
– примена на пливањето во превентивни терапевски и рехабилациони цели;
– развој и достапност на пливачки помагала;
– промовирање на спортот пливање во Р.М.
Ниво 1 – Примарен фокус: КОМФОРТ
Ова почетничко ниво обезбедува основа која им помага на децата да се чуствуваат слободно при основните вештини за пливање.
Примарен фокус: Оваа пливачка група е за почетнци целта е да се постигне удобност со основните вештини за пливање.
Цели: Да се надмине стравот, да се научи правилна контрола на дишење, удобност со потопување, независност при лебдење на стомакот и грбот, независно турнување до и од ѕидот, лебдење на грб како безбедна положба и основно грбно пливање.
Ниво 2 – Примарен фокус: КОНТРОЛА
Ова напредно ниво на почетници им помага на пливачите да се постигне контрола на дишење додека пливаат.
Примарен фокус: Во напредната група на почетници целата на пливањето е стекнување на контрола со дишењето и основни движења на пливање. Тоа е за пливачи кои немаат страв од потопување или лебење на грбот и веќе почнуваат да ги собладуваат основните пливачки вештини.
Цели: Да се движат правилно во водата користејки ги основите на слободно и грбно пливање и контрола на дишење.
Ниво 3 – Примарниот фокус: НЕЗАВИСНОСТ
Основното ниво опфаќа изучување на пливачите нормална контрола на дишење и ефикасно пливање за да добие независност во вода.
Примарен фокус: Целта на оваа пливачка група е совладување на слободен стил и грбно, независност во вода преку подобрување контрола на дишење и правилно движење.
Цели: Совладување пливачка техника слободен стил и грбно, дишење на страна слободен стил, и запознавање на пливчка дисциплина градно.
Ниво 4 – Примарниот фокус: ТЕМПО
Ова ниво им помага на пливачите да развијат ефикасна координација на рацете, нозете, дишење, и позицијата на телото во пливање темпо.
Примарен фокус: Оваа група е наменета за развој на децата кон напредно ниво на пливачи со координирање на рацете, нозете, дишењето и положба на телото со точна пливачка техника.
Цели: Насочени кон пливање слободен стил со дишење во ритам и подобрување грбно, се става акцент на тајмингот при пливање градно, и воведување на вежби за да се добие осет на вода (sidestroke , sculling)
Ниво 5 – Примарен фокус: ТЕХНИКА
Овој напреден клас им помага на студентите насочите подводни техника во пливање, слободен стил, грбно, sidestroke и пеперутка.

Сите информации и слики се преземени од официјалната веб-страница или социјалните мрежи на објектот без никакви измени на содржината. Сите права на материјалот припаѓаат на сопственикот.
